Подметачи за пијалоци

Во време на динамично и брзо живеење, каде што малите детали прават голема разлика и секој празен простор може да биде место за реклама, ви ги претставуваме подметачите за пијалоци од airlaid материјал. Еден детал повеќе на послуженото кафе, коктел, пијалок.
Можеби не толку впечатливи на прв поглед, овие подметачи се потценетите супер херои во угостителството. Тие нудат практичност, елеганција и естетика, во комбинација со одличен простор за рекламирање, заштитувајќи ги вашите површини од тврдокорни дамки.
Ние пишуваме се што треба да знаете за нив. 

Што е Airlaid материјал?

Airlaid потекнува од Скандинавија, каде што стандардите за одржливост и заштита на животната средина се на највисоко ниво. За разлика од обичната хартија, airlaid материјалот е поцврст, попорозен и многу попријатен на допир. Совршен е за контакт со течности, бидејќи има висока апсорпција, што е особено важно за кафе или пијалоци кои можат да остават траги.

Тој е специјален тип на целулозен материјал кој се создава со сув процес, без употреба на вода, што го прави посебно еколошки. Airlaid материјалот се произведува во контролирани услови, правејќи го погоден за допир со храна и пијалоци. Овие подметачи не содржат пластика, правејќи ги целосно биоразградливи и погодни за компостирање.
Во време кога сè повеќе компании и потрошувачи се ориентираат кон еколошки производи, airlaid подметачите се логичен чекор напред.

Резонираме – предности на airlaid подметачи:

• Хигиенска безбедност
• Изглед и чувство на текстил
• Одлична впивливост на течности
• Голема издржливост

Бел подметач за пијалоци. Промис.
Црн подметач за пијалоци. Промис.

Елегантни подметачи во црна и бела боја.

Подметачите доаѓаат во бела и црна боја и се совршено стилско надополнување на секој настан. Бојата на подметачот не е само дизајнерски избор – таа пренесува порака.

Белите подметачи носат чувство на чистота, едноставност и префинетост. Совршени се за светли, минималистички ентериери, каде сакате да пренесете свежина и елеганција.

Од друга страна, црните подметачи се симбол на софистицираност, моќ и модерен луксуз. Тие внесуваат драматика и ексклузивност во секој простор.

Обата избори се совршени за кафулиња, ресторани, хотели, како и за домашна употреба за секојдневни или свечени моменти.

Партнер во рекламирање на вашиот бренд.

Една од најголемите придобивки на Airlaid материјалот е неговата способност за висококвалитетно принтање. Тоа значи дека овие подметачи се вашиот нов рекламен простор на кој ќе оставите трага.

Тие се вашата платформа за суптилно, но исклучително ефикасно рекламирање  пред очите на секој гостин.

На подметачите можете да отпринтате:

-Лого на вашиот бизнис
-Информации за мени и QR кодови
-Слогани
-Мотивациски цитати
-Линкови до социјални мрежи
-Визуелни елементи по ваша желба

Спојте дизајн и стратегија – изберете принт што го раскажува вашиот бренд. Без разлика дали се работи за утринско кафе во стилско кафуле или свечен настан во луксузен хотел, приказната ја пишувате вие.

Бел подметач за пијалоци со принт на QR. Промис.
Црн подметач за пијалоци со принт на лого. Промис.

Fun fact – подметачи и колекционери

Дали знаете дека постои хоби наречено tegestology – собирање на подметачи за пијалоци?

Голем број луѓе низ светот ги собираат овие мали, впечатливи предмети, посебно кога на нив има уникатно лого или некој интересен дизајн.

Затоа, изразете ја својата креативност на овој мал простор и нека вашето мало ремек дело биде дел од нечија колекција или музејска поставка која долго ќе зборува за вашиот бренд.

ЗАКЛУЧОК

Airlaid подметачите претставуваат совршена комбинација на стил, квалитет и паметно брендирање.Тие не се само декоративен и заштитен елемент – туку тивок и ефикасен амбасадор на вашиот бренд.

Со својот модерн изглед, можноста за принтање и практичната функција тие создаваат попријатно искуство за гостите, а ја олеснуваат работата на вработените.

Наменети исклучиво за една употреба, тие ја засилуваат довербата во хигиенските стандарди и оставаат впечаток на грижа и професионализам.

Доколку сакате да дознаете повеќе за оваа елегантна инвестиција што носи резултати при секое сервирање, контактирајте го тимот на Промис.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ

Професионални средства за одмастување површини

Професионални средства за одмастување површини

Хигиената и функционалноста се клучни – како во индустриски капацитети, така и во домот, а изборот на вистински средства за чистење е од суштинско значење. Кога станува збор за тврдокорни масни наслаги, дамки и нечистотии, потребни се професионални средства за...

Одржување хигиена во фитнес центри и теретани

Одржување хигиена во фитнес центри и теретани

Во последнава деценија фитнес индустријата ја доживеа својата експанзија, а со тоа се зголемува и потребата за високи стандарди на хигиена и безбедност.Низ просечната фитнес сала или теретана секојдневно циркулираат десетици, па и стотици луѓе. Ова создава услови...

Професионална опрема за чистење подови и површини

Професионална опрема за чистење подови и површини

Во секој бизнис хигиената е приоритет, а квалитетното чистење на подови и површини е темел на добрар, прв впечаток. Без разлика дали станува збор за ресторан, хотел, канцеларија или трговски центар, чистиот и уреден простор носи порака за професионалност и грижа...