Во последнава деценија фитнес индустријата ја доживеа својата експанзија, а со тоа се зголемува и потребата за високи стандарди на хигиена и безбедност.
Низ просечната фитнес сала или теретана секојдневно циркулираат десетици, па и стотици луѓе. Ова создава услови за пренесување на бактерии, вируси, пот или пак нечистотии на опремата, подовите, соблекувалните.
Одржувањето на беспрекорна хигиена не е само прашање на импресија, туку и здравје, репутација и регулаторна усогласеност.
Во овој блог ќе ви понудиме средства што се неопходни за секоја просторија за вежбање која искрено се грижи за здравјето на своите корисници.
Хигиенски средства за дезинфекција на справите и подовите
Чистење на справите и опремата за вежбање
Вежбањето може да биде вистинско задоволство доколу клиентот е сигурен дека теговите, вреќите, душеците и рачките на машините се соодветно исчистени и дезинфицирани.
Наш фаворит е Sanitec Sanialc, алкохолен спреј кој делува брзо, не остава траги и има свеж мирис. Тој прави целосна дезинфекција на сите несакани бактерии за само неколку секунди.
Совет: оставете шишенца со спреј на видливи места во салата, со цел и корисниците (доколку сакаат) сами да направатт дополнителна дезинфекција на справите.
Чистење и целосна дезинфекција на подови
Иако поретко се користат подовите како површини за вежбање, нивната чистота одма паѓа во очите на корисниците и не се помалку важни од чистотата на справите. Подот може да биде место каде ќе се собере пот, вода, течности од различни пијалоци, нечистотија од валкани обувки дури и бактерии. Затоа, редовната дезинфекција е клучна за здравјето на корисниците, а ќе придонесе и за поубав изглед, како и намалено лизгање или лепење.
Промис во својата понуда нуди повеќе средства наменети за одржување на безкомпромисна хигиена на вашите подови. Погледнете ја нашата понуда и одлучете кое од наведените средства саката да го испробате вие. Нашите средства доаѓаат во големи пакувања и се хемиски концентрирани, погодни за ефикасно чистење – брзо и лесно. Нивната моќ е погодна за секоја површина и имаат улога како најдобар пријател при чистење. Доколку Ви треба помош при избор, контактирајте го нашиот тим.
Опрема за одржување на хигиена во тоалетите и лична хигиена во центрите
Тоалетите се составен дел од фитнес центарот, но поради повеќе причини, заедно со тушевите и соблекувалните, може да станат жариште на вируси, бактерии и секакви нечистотии. Затоа, неопходно е да се посвети посебно внимание на овие простории кои и сѐ почесто стануваат визит карти на самите теретани. Покрај средствата за чистење на подови, тимот на Промис ви ги препорачува следниве засилувања за одлична хигиена во тоалетите.
Лична хигиена во тоалетите
Сензорски диспанзер за пена и дезифициенс. Доколку користите автоматски диспанзер ја намалувате веројатноста за пренос на бактерии, бидејќи не бара допир. Наша препорака е овој сензорски диспанзер со фини линии, нудејќи Ви едноставност при надополнување. За негово надполнување, ние ја препорачуваме оваа пена.
Диспанзер за бришење на раце – компактен и хигиенски. Овој елегантен диспанзер
функционира врз принцип на извлекување и е идеален за редовно користење. Зошто? Бидејќи една негова ролна е долга 135 метри. Редовното надополнување повеќе нема да ви претставува заморна задача. Контактирајте го нашиот тим и одберете еко бришачи или стандардни.
Блескави тоалети
Бигорот е чест проблем во тоалетите, особено во области со тврда вода. Лавабоа, веце школки, туш кабини – сите се мета на бигорот.
Нашето средство Disincrostante Ultra е специјализирано, има пријатен мирис и главна задача му е отстранување на ‘рѓа, бигор и секакви тврдокорни дамки од санитариите во тоалетите, без да остави дамки и наслаги.
Освежувачи на воздух во фитнес центри и теретани
Лошата миризба во вежбалните предизвикана од пот, застоен воздух или влага може да биде негативна за сите вежбачи, имајќи ефект на нивната мотивација и нивниот преформанс, но и да даде лоша перцепција за самиот простор. Затоа, погрижете се вашата теретана секогаш да биде проветрена и максимално освежена со освежувачите за воздух кои ќе допринесат за позитивна атмосфера и здрав амбиент за вежбање. Го препорачуваме овој едноставен освежувач за воздух.
Во форма на клип, тој е едноставен за користење. Само закачете го некаде во вашата теретана и почувствувајте го неговиот пријатен мирис и ефект. Свежиот мирис на манго нека биде
дополнителна мотивација на вежбачите.
Заклучок
Инвестирањето во професионална и квалитетна опрема за чистење во фитнес салите е чекор напред кон нови клиенти и успешно работење. Хигиената не е само обврска, туку и законска регулатива која мора да се почитува. На овој начин фитнес центарот промовира здравје и грижа кон корисниците и инвестира во долгорочен успех кој започнува од безбедни справи.
Доколку ви требаат повеќе информации, сакте да се запознаете повеќе со придобивките на нашите средства и опрема, или пак ви е потребна понуда, слободно контактирајте го тимот Промис.




Recent Comments