Професионални средства за одмастување површини

Хигиената и функционалноста се клучни – како во индустриски капацитети, така и во домот, а изборот на вистински средства за чистење е од суштинско значење. Кога станува збор за тврдокорни масни наслаги, дамки и нечистотии, потребни се професионални средства за одмастување кои даваат сигурни резултати.

Во овој блог ќе ви ги претставиме три специјализирани производи:
Sanitec Lavatrice Supersgrassante – моќен детергент за текстил,
Fornonet – алкално средство за рерни и кујнски површини,
Caffe Wash – специјален детергент за апарати за кафе.

Сите три се формулирани за професионална употреба, но се подеднакво ефикасни и во домашни услови.

Sanitec Lavatrice Supersgrassante – силен сојузник против дамки на текстил

Sanitec Lavatrice Supersgrassante е високо концентриран течен детергент со пријатен мирис. Тој е универзален и наменет е за одмастување на облека, текстилни материјали и сите видови ткаенини. Тој може да се користи за машинско и рачно перење, што го прави идеален и за индустриска и за домашна употреба.

Погоден за:

  • Хотели, перални, ресторани;
  • Спортска и работна облека;
  • Текстил со тврдокорни дамки (масло, пот, крв, храна).

Активни состојки за длабинско чистење

Производот е збогатен со супстанци кои продираат длабоко во ткаенината, ги разградуваат масните молекули и ги отстрануваат без оштетување на материјалот. Особено е ефикасен и потребен кај облека што е често изложена на нечистотии, како што се униформи, кујнски престилки и чаршави. Доволно е да се нанесат 20 – 40 грама на 1 килограм сува облека, во зависност од тврдината на водата, за вашата облека да биде повторно како нова.

Неговото пакување е од 5 килограми.

Sanitec Lavatrice Supersgrassante - средство за отсреанување на масни наслаги од облека и текстил. Промис

Fornonet – силно алкално средство за одмастување во кујната

Кога станува збор за отстранување на изгорена маснотија и тврдокорни наслаги, Fornonet е вистинскиот избор со неговата моќна форула.

Ова алкално средство е наменето за чистење на:

  • Рерни и скари;

  • Аспиратори и тостери;

  • Решеа и индустриски плочи;

  • Стакло од камини;

  • Апарати за готвење.

Брзо и ефикасно чистење

Fornonet делува брзо и длабински – продира низ масните слоеви и ги раствора, без потреба од агресивно триење. Идеално е за угостителски објекти, ресторани, пекари, како и за домаќинства кои сакаат блескаво чисти кујнски уреди.

Достапно е во:

Fornonet алкално средство за одмастување во кујна 750 мл. Промис
Fornonet - алкално средство за отсранување на масни наслаги во кујна. 5kg - Промис

Caffe Wash – средство за чистење вашиот кафе апарат

Зошто е важно да се чистат апаратите за кафе?

Остатоците од кафе, масло и млеко можат да влијаат на вкусот на кафето, несакан ефект и во домашни и во професионални услови. А исто толку страшно, не одржувањето на апаратот го намалуваат неговиот работен век.

Caffe Wash е специјализиран алкален течен детергент за чистење на:

  • Филтри;
  • Цедилки;
  • Внатрешни цевки и делови;
  • Груп глави и носачи.

Погледнете го Caffe Wash тука.

Kaffe Wash - средство за чистење на кафе апарат. Промис

Употребата на професионални производи носи бројни придобивки

  • Подобра ефикасност и помала потрошувачка;
  • Поголема заштита на површините;
  • Подолг век на апаратурата и текстилот;
  • Сигурност во одржување на хигиенски стандарди;
  • Подобра презентација и впечаток во работна или домашна средина.

Редовното чистење со специјализирани средства не само што ја подобрува визуелната состојба на површините, туку спречува и наталожување на нечистотии кои можат да предизвикаат расипување, непријатни мириси или здравствени ризици.

Изберете квалитет – забележете разлика

Sanitec Lavatrice Supersgrassante, Fornonet и Caffe Wash се три професионални средства за одмастување кои нудат комплетна заштита и чистота за вашите ткаенини, кујнски уреди и апарати за кафе. Без разлика дали сте сопственик на угостителски објект или сакате високи професионални стандарди во вашиот дом – со овие производи добивате сигурност, ефективност и долготрајна хигиена.

Доколку ви требаат повеќе информации, сакте повеќе да се запознаете со придобивките на нашите средства и опрема, или пак ви е потребна понуда, слободно контактирајте го тимот Промис.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ

Одржување хигиена во фитнес центри и теретани

Одржување хигиена во фитнес центри и теретани

Во последнава деценија фитнес индустријата ја доживеа својата експанзија, а со тоа се зголемува и потребата за високи стандарди на хигиена и безбедност.Низ просечната фитнес сала или теретана секојдневно циркулираат десетици, па и стотици луѓе. Ова создава услови...

Подметачи за пијалоци

Подметачи за пијалоци

Во време на динамично и брзо живеење, каде што малите детали прават голема разлика и секој празен простор може да биде место за реклама, ви ги претставуваме подметачите за пијалоци од airlaid материјал. Еден детал повеќе на послуженото кафе, коктел,...

Професионална опрема за чистење подови и површини

Професионална опрема за чистење подови и површини

Во секој бизнис хигиената е приоритет, а квалитетното чистење на подови и површини е темел на добрар, прв впечаток. Без разлика дали станува збор за ресторан, хотел, канцеларија или трговски центар, чистиот и уреден простор носи порака за професионалност и грижа...