Професионална опрема за чистење подови и површини

Во секој бизнис хигиената е приоритет, а квалитетното чистење на подови и површини е темел на добрар, прв впечаток. Без разлика дали станува збор за ресторан, хотел, канцеларија или трговски центар, чистиот и уреден простор носи порака за професионалност и грижа кон гостите, но и вработените.
Промис како ваш доверлив партнер за професионална опрема за чистење, нуди производи со кои секојдневното оддржување на хигиена и чистота стануваат побрзи и поедноставни.

Количка или кофа?

Чистењето на големи подни површини бара организација и функционалност. Тука на сцена стапуваат специјалните колички за чистење кои овозможуваат побрзо движење низ просториите и подобро раздвојување на чистата и валканата вода.

Пластична количка со две кофи
Овој модел е идеален за објекти каде што е важно максимално да се одвои чистата од
валканата вода. Со две одделни кофи и интегрирана цедалка, количката овозможува
постојано користење на свеж раствор за миење, како и лесно маневрирање низ ќошеви и агли, што е клучно за ефективно чистење. Одлична е за поголеми простории.

Дупла кофа со пластична цедалка за моп
Компактна и лесна за маневрирање, оваа кофа е одличен избор за места со умерен обем на работа, како што се канцеларии или мали продавници. Пластичната цедалка овозможува брзо цедење на мопот, со што се скратува времето за чистење и се намалува физичкиот напор на персоналот.

Кој модел да го изберете?

Доколку работите со висока фреквенција на гости и интензивна употреба на просториите, ја препорачуваме количката со две кофи. Ако имате помал објект или барате избор за секојдневно користење, дуплата кофа со пластична цедалка е одлично решение.

 

Комплетна комбинација за ефикасно професионално чистење

Секое квалитетно чистење на подови почнува со соодветна алатка. Затоа ви препорачуваме моќна комбинација од три елементи кои работат совршено заедно:

Алуминиумска рачка за моп
Лесна и издржлива, оваа рачка овозможува долготрајно користење без замор. Идеална е за места каде што брзината на движење и леснотијата на манипулација се клучни – на пример во болници и хотели со големи подни површини.

Склоплив рам
Благодарение на својот механизам за брзо отворање и затворање, рамката овозможува лесна замена на моповите без директен допир со нечистотија. Идеално за објекти каде што хигиената мора да биде на највисоко ниво.

Памучен мазен моп
Мопот со висока способност за абсорпција е неопходен за темелно чистење на подови без оставање вишок вода. Совршен е за чистење на керамички плочки, ламинат, дрво и други чувствителни површини каде што не смее да се задржува влага, но се бара длабинско и ефикасно чистење.

Алуминиумска рачка за моп
Склоплив рам за чистење подови. Промис
Памучен, мазен моп за чистење подови. Промис

Што добивате со оваа комбинација?

• Брзо и темелно миење на големи простории,
• Помал ризик од оставени траги и лизгави површини,
• Лесна и ергономска работа која ги штити вработените од прекумерно напрегање.

 

Едноставна алтернатива за секојдневно користење

Понекогаш, едноставноста е клучот. За основни потреби, Промис нуди комбинација што нуди практичност и достапност:

Памучен моп и едноставна дрвена рачка со навој.

Памучен моп за чистење подови. Промис
Дрвена рачка со навој за чистење подови. Промис

Зошто едноставноста е подобра?

Овој едноставен, но функционален сет е одличен избор за одржување на хигиена во простори каде што нема потреба од комплексна опрема.
Дрвената рачка нуди стабилност при користење и е отпорна на долгогодишна употреба, додека памучниот моп ефикасно собира прав, прашина и влага без да ја оштети површината.

Овој сет најчеста примена наоѓа во сервисни простории, складишта, помошни ходници, угостителски кујни или за брзи реакции при пролевање течности – каде што брзина значи многу.

 

Заклучок: Вистинската опрема за чистење е половина од успехот

Вложувањето во квалитетна опрема за чистење не значи само чисти подови – тоа значи создавање простор кој остава впечаток на ред, грижа и професионализам.
Хигиената не е трошок, туку порака што ја испраќате секојдневно – до клиентите, партнерите и вработените. Со Промис, секој сегмент од професионалното чистење станува поедноставен, побрз и со повисоки резултати.

Доколку ви е потребна асистенција при избор на опрема за професионална хигиена, контактирајте нè. Бидејќи со нас работата е полесна, резултатите повидливи, а објектот повпечатлив.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ

Професионални средства за одмастување површини

Професионални средства за одмастување површини

Хигиената и функционалноста се клучни – како во индустриски капацитети, така и во домот, а изборот на вистински средства за чистење е од суштинско значење. Кога станува збор за тврдокорни масни наслаги, дамки и нечистотии, потребни се професионални средства за...

Одржување хигиена во фитнес центри и теретани

Одржување хигиена во фитнес центри и теретани

Во последнава деценија фитнес индустријата ја доживеа својата експанзија, а со тоа се зголемува и потребата за високи стандарди на хигиена и безбедност.Низ просечната фитнес сала или теретана секојдневно циркулираат десетици, па и стотици луѓе. Ова создава услови...

Подметачи за пијалоци

Подметачи за пијалоци

Во време на динамично и брзо живеење, каде што малите детали прават голема разлика и секој празен простор може да биде место за реклама, ви ги претставуваме подметачите за пијалоци од airlaid материјал. Еден детал повеќе на послуженото кафе, коктел,...