Во светот на угостителството, беспрекорната хигиена е клучот за успехот. Без разлика дали водите ресторан, кафуле или кафеана, чистите и безбедни простории градат доверба кај гостите и го зацврстуваат вашиот имиџ. Од подовите и масите до приборот и машините – секој детал има своја важност.
За да постигнете врвни резултати, неопходно е да користите професионална опрема за чистење и проверени производи.
Основни хемиски средства кои се неопходни за одржување на високи хигиенски стандарди во вашиот објект.
Средства за чистење подови и површини – основа за безбедна средина
Подовите и работните површини се меѓу најизложените области на валкање во угостителските објекти. Редовното и квалитетно чистење е првиот чекор кон создавање безбедна средина за вработените и гостите.
Во зависност од видот на материјалот – керамика, линолеум, дрво или камен – потребно е да се користат соодветни хемиски средства за ефикасно и безбедно чистење.
Промис ви нуди широк избор на професионална опрема за чистење и специјализирани средства за подови и површини, прилагодени за различни потреби.
Погледнете ја нашата понудата овде: Средства за хигиена на подови и површини.
Дезинфицирана и чиста кујна со Sanitec Multi-Activ.
Во секоја кујна, хигиената на приборот е клучна. Sanitec Multi-Activ е ваш сојузник за совршено чисти чинии, ножеви, лажици и виљушки. Ова ефективно средство ги отстранува маснотиите, бактериите и остатоците, а притоа:
- Ги штити металните површини од корозија,
- Не остава мирис или траги,
Пробајте го Sanitec Multi-Activ и заштитете ја безбедноста на вашите гости со врвно и професионално чистење.
Crystal Vetri – брилијантна чистота на стаклени површини.
Сјајот на стаклените површини остава прв впечаток кај секој гостин. Со Crystal Vetri, прозорците, витрините и огледалата ќе блескаат без траги или замаглувања.
Изберете:
Кристалното чисти стакла и прозорци создаваат позитивен впечаток на секој клиент.
Совет: За најдобри резултати, нанесете со микрофибер крпа.
Средства за рачно миење садови – за секојдневна сигурност
Иако автоматските машини се сè поприсутни, рачното миење е неопходно за осетлив прибор или итни ситуации.
Piatti Gel Agrumi е течност што лесно ги отстранува флеките со неговата висока концентрираност, а е исто така нежен кон кожата на вработените.
Предности на професионалните средства за чистење:
- Намалена потрошувачка на вода,
- Подолг век на траење на садовите,
Средството е достапно во пакување од 5кг за интензивно користење и пакување од 1л за повремено користење
Caffe Wash – грижа за кафе-апаратите
Во кафулињата, апаратот за кафе е сржта на бизнисот. Неговите квалитети и чистота директно влијаат на вкусот на секоја шолја кафе.
Но, сјајно не останува ништо – особено најкористената машина во угостителски објект.
Со редовна употреба на Caffe Wash – нашето моќно алкално средство, ќе спречите таложење на нечистотии и ќе обезбедите чисти филтри и делови.
- Нечистите делови се потопуваат во 40ml средство, растворено во 1 литар вода.
- Во пакување од 1 литар.
Со соодветна професионална опрема за чистење, вашиот кафе-апарат ќе работи беспрекорно и подолго.
Fornonet – моќен сојузник за чистење рерни и плочи
За отстранување на загорени маснотии и наталожени нечистотии од рерни, плочи и скара, Fornonet Ovens and Plates – е идеално решение. Ова моќно, алкално средство е подготвено за употреба и професионално „ги светнува“ вашите тостери, решоа и асприатори.
Клучни карактеристики:
- Формира густа пена која се задржува и на вертикални површини,
- Брзо ги раствора и најтврдокорните маснотии,
Совет: За најдобар ефект, нанесете на топла површина (не жешка), оставете неколку минути, потоа избришете и исплакнете.
Заклучок: Хигиената е вашата најсилна препорака
Вложувањето во професионално чистење и професионална опрема за чистење не е трошок – тоа е инвестиција во имиџот, безбедноста и иднината на вашиот објект.
Промис има сè што ви е потребно за професионална хигиена и чисти простории што оставаат траен впечаток.
Доколку не сте сигурни што точно му е потребно на вашиот бизнис, дозволете нашиот тим од професионалци да ви помогне при правење на проценка. Контактирајте нѐ тука.
Следете го нашиот блог за повеќе совети и решенија за професионална хигиена!







Recent Comments